Полисата за приватност се однесува на сите корисници на сервисот, односно податоците оставени од Ваша страна и начинот на нивно користење и чување од наша страна.
Ви препорачуваме внимателно да ги прочитате ставките дефинирани подолу.
Целта на собирање на податоци е исклучиво за потребите на сервисот, статистички преглед на посетеност, безбедност како и подобрување на неговата функционалност.
За статистички преглед на посетеност и безбедност на сервисот за секој посетител се анализира IP адресата и времето на пристап.
Статистиките за посетеност се достапни на секој корисник и не вклучуваат приватни податоци од било кого освен бројот на посети на некој линк и времето и датумот на посетување.
Покрај стандардното користење на сервисот, корисниците имаат можност да креираат и своја корисничка сметка. Креирањето на сметката се состои од едноставна регистрација, при што корисникот треба да се согласи на правилата за користење на сервисот како и полисата за приватност. Податоците кои се чуваат за регистрираните корисници се користат исклучиво за нивна автентикација и авторизација на сервисот со цел пристап до корисничкиот панел.
E-маил адресата се користи исклучиво во случај кога корисникот ја заборавил својата лозинка или строго за потребите на сервисот и во никој случај нема да биде дадена на трети лица.
Дополнително на страна на секој посетител може да се зачува и "колаче" (cookie). информациите кои што се чуваат во "колачиња" најчесто се однесуваат на корисничките подесувања, статистиките за посетеност и користење на сервисот и/или навигација низ 0.mk и страници поврзани со 0.mk.
Корисниците исто така може во своите прелистувачи да ја исклучаат оваа опција(зачувување на колаче), но притоа некои од функционалностите може да не им бидат достапни.
Администрацијата на 0.mk може во било кое време да изврши измена на правилата и/или полисата за приватност.
Измените почнуваат да важат веднаш по нивното објавување. Притоа администрацијата не е обврзаната да ги извести корисниците за тоа.
Препорачуваме повремено посетување на правилата и полисата за приватност со цел да не дојде до идно недоразбирање.
Дополнителни известувања може, но немора да бидат објавени на официјалниот блог, Twitter профилот и/или Facebook страната.
За било какви забелешки и предлози контактирајте нé.